9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНесторовски погоди, Палермо повторно загуби (видео)

Несторовски погоди, Палермо повторно загуби (видео)

%d0%bd%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%be

Македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски постигна нов гол во Серија А, но неговиот тим Палермо загуби од Удинезе 1-3, во последниот натпревар од 10-то коло во Серија А.

Илија Несторовки го отвори резултатот на натпреварот Палермо-Удинезе уште во десеттата минута. Несторовски прими една топка на 40-тина метри од противничкиот гол, влезе во шеснаесетникот, успеа да „промеша“ тројца дефанзивци на Удинезе и со одмерен удар од 12 метри да ја смести топката во голот.

За Несторовски ова беше четвртиот гол во Серија А, а вклучувајќи ги и настапите во репрезентацијата негов шести гол на последните девет натпревари.

Удинесе израмни во 36.минута преку Тиро, а во вториот дел победникот го реши Фофана со два гола во само пет минути, во 74.и 79.минута.

Инаку Палермо го забележа третиот пораз во низа и на табелата е претпоследен со само шест бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП