19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Победи на ЦСКА, Реал, Ефес и Олимпијакос

Евролига: Победи на ЦСКА, Реал, Ефес и Олимпијакос

%d1%84%d0%b4%d1%84

ЦСКА, Реал, Анадолу Ефес и Олимпијакос забележаа победи во првите натпрвари од четвртото коло во кошаркарската Евролига.

Бранителот на титулата ЦСКА го задржа максималниот ефект, откако во руската пресметка славеше над Уникс 98-80. ЦСКА победата ја обезбеди во третиот период кога постигна 21, а прими 12 поени.

Ниту брилијантната партија на Кит Ленгфорд кој постигна 36 поени, не му помогна на Уникс да го избегне и четвртиот пораз во лигата. ЦСКА ја предводеа Милош Теодосиќ со 16 поени и 10 асистенции, односно Кори Хигинс кој постигна 14 поени.

Дарушафака го пречека Анадолу Ефес во турското дерби имаше предност во најголемиот дел од натпреварот, но победата му припадна на Ефес. Последната четвртина Ефес ја доби 26-14 и стигна до триумф 84-79.

Дешон Томас со 17 поени го предводеше Ефес до првата победа, додека кај Дарушафака која има скор 2-2 се истакна Вилбекон со 13 поени.

Реал бргу се опорави од поразот против Басконија и во Милано славеше во дуелот со Арнами 101-90. Ирачите на Реал речиси рутинирано стигнаа до победата, иако Армани преку Хикмен во 32 минута се доближи на само два поени негатива.

Реал има скор 3-1, а Армани по стартните две победи врза два порази.

Петмина играчи на Реал постигнаа 10 или повеќе поени, а најефикасни бе аЕнтони Рендолф со 20, односно Отело Хантер и Серхио Љуљ со по 18 поени. Кај Армани Рики Хикман уфрли 19 поени.

Дербито на вечерта го одиграа Басконија и Олимпијакос, а триумфираа Грците 95-90 благодарение на фантастичниот шут за три поени (16/30). Фантастичен меч одигра Спанулис кој оствари двоен ефект од 15 поени и исто толку асистенции, Манцарис постигна 17, а Грин 13, сите во последната четвртина. Басконија ја предводеше Шенгелија со 20 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП