4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Нов пораз на Металург

СЕХА: Нов пораз на Металург

metalurg

Ракометарите на Металург загубија од Цеље 23-25 во натпревар од регионалната СЕХА лига. Металург во осум мечеви сезонава во оваа конкуренција има шест порази.

Тимот на Металург, без неколкумина играчи, не успеа да слави против Цеље и остана на освоените четири бода по одиграни осум натпревари.

Со исклучок на првите десетина минути кога Илиќ и Кузмановски постигнаа голови за водство 3-1, Металург во останатиот дел од мечот ја бркаше предноста на Цеље.

Цеље во првото полувреме со две серии, најпрвин 0-4, а потоа 0-5 стигна до максималната предност од пет гола (5-10), а на полувреме Металург заостануваше за четири голови (9-13).

Металург се врати во мечот по првите пет минути од второто полувреме, кога се доближи на гол негатива (12-13), потоа неколку пати стигнуваа неговите ракометари и до израмнување, но поради неколкуте технички грешки и двата промашени зицери, не успеаја да направат пресврт.

Илиќ со седум и Костески со четири гола го предводеа Металург, а Јанц со седум и Мацковшек со шест гола беа најефикасни кај Цеље.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП