6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ потпиша отворен договор со Ѓуроски

МЗТ потпиша отворен договор со Ѓуроски

%d0%b3%d1%98%d1%83%d1%80%d0%be

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски (24 год., 203 см.), од четвртокот е нов член на МЗТ Скопје. Ѓуроски, во средата, во друштво на Клоф го следеше натпреварот на МЗТ со Цедевита, со што го најави трансферот.

МЗТ потпиша ткн. отворен договор со репрезентативецот на Македонија, кој доаѓа да го засили ростерот на МЗТ, кој уште некое време ќе биде без тројца важни играчи Симоновски, Дреновац и Клоф.

Минатата сезона тој ја почна во дресот на Работнички, но набрзо потоа се пресели во тимот на Кожув. Претходно, настапуваше за бугарски Левски, а зад себе има и четиригодишен период во американската НЦАА-лига во дресот на Луизијана Тек универзитетот.

Ѓуроски во сино-белиот дрес ќе дебитира в недела на гостувањето против Мега Лекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП