21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ против Гран Канарија ќе обележи 20 години од победата над Реал

МЗТ против Гран Канарија ќе обележи 20 години од победата над Реал

mztgran33

Актуелниот освојувач на двојната круна во македонската кошарка, МЗТ Скопје Аеродорм, од почетокот на сезоната континуирано ја обележува 50-годишната од основањето, а за 9-ти ноември подготвува и одбележување на најголемата победа во клупската историја, кога во Скопје падна големиот Реал Мадрид.

МЗТ, натпреварот со Гран Канарија во Еврокупот на 9-ти октомври, ќе го искористи за да обележи 20 години од историската победа над Реал Мадрид (69-68). Тогаш Перо Блажевски од линијата за слободни фрлања му донесе триумф на МЗТ против тимот кој од клупата го предводеше Жељко Обрадовиќ, а прва ѕвезда беше Дејан Бодирога.

Плановите на клубот се на полувремето од мечот со Гран Канарија, чиј член е Лестер Бо Мекејлеб, да се појават членовите на генерацијата која на 6-ти ноември 1996 го срушија Реал.

„Покани ќе бидат испратени до сите кои беа дел од тој голем триумф. Се надеваме дека обврските (на пример Петровски е во Тирана, Мирза во Грција) ќе им дозволат на сите да дојдат и во тие десет минути да бидат поздравени од публиката. За нив подготвуваме пригодни подароци кои ќе ги потсетуваат на овој датум“, информира за Макфакс клупскиот портпарол Игор Крстевски.

Клубот подготвува и други изненадувања, меѓу кои и присуството на легендарниот коментатор Љубомир Николовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП