Фудбалерот на Рома Алесандро Флоренци денеска ќе биде опериран, откако на натпреварот со Сасуоло ги скинал лигаментите во левото колено.
Рома, во средата вечерта, славеше на гостувањето кај Сасуоло (3-1), но најмалку шест месеци остана без еден од највлијателните играчи во тимот Алесандро Флоренци.
Флоренци се повреди во второто полувреме, кога беше на носилки изнесен од теренот. Рома со соопштение извести дека фудбалерот ќе биде опериран без да прецизира колку тој ќе отсуствува од терените.
Рома во моментов е втора на табелата во Серија А со 22 бода, два помалку од лидерот Јувентус.