14 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.10.2016

Дневен хороскоп 27.10.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе морате да прифатите нечие влијание и да го прилагодите вашиот стил во согласност со барањата кои ги имаат вашите соработници. Вашето добро расположение ќе го поттикне и партнерот на поактивна улога во движењето и создавањето на заеднички планови.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Повеќето работни обврски можете да ги завршите на рутински начин. Нема потреба да се расправате со неистомислениците. Доколку ви се чини дека доаѓате до ладен емотивен прием во нечие друштво, размислете за своите постапки како на потенцијални маани. Можно е да сте погрешиле во проценките.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се соочувате со различни проблеми во односот со соработниците. Важно е да ја одредите правилната граница меѓу пристојното однесување и деловните отстапки кои сакате да ги направите. Партнерот делува малку чудно и изразува сомнеж за вашата приказна.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се наоѓате во прилика да ги тестирате своите интелектуални и практични способности. Направете се што е во ваша моќ да оставите добар впечаток. Јасно ви е дека не можете да го добиете сето она што емотивно го посакувате, но сеуште не знаете на кој начин би можеле да уживате во она што го имате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес сте постабилни од вообичаено а желбата да ја промените работата станува неизводлива. Искористете ја шансата и добрата енергија. Имате поддршка од саканото лице, но сте претерале со очекувањата. Време е и вие да се научите на толеранција.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Средбата или расправата со едно лице на вас започнува да делува заморно. Чувствувате демотивација бидејќи деловните случувања не ви одат во посакуваниот правец. Сепак, не дозволувајте во вас да надвладее несигурноста.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате добро идејно решение, но некој се обидува да ја ограничи вашата улога и влијанието на понатамошниот тек на договорот. Не дозволувајте недоразбирањето негативно да се одразува на вашата концентрација. Внимателно бирајте го друштвото за излегување или интимно доверување.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Добро сте расположени и верувате дека постои некој заобиколен начин ефикасно да го оставрите она што другите неможат. Самодовербата која ја чувствувате делува позитивно и на вашата околина. Делувате вознемирено и загрижено.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Важно да оставите сериозен впечаток. Околината има доволно слух или интерес да ги подржи вашите идеи. Новите деловни случувања можат да ве претстават во позитивно светло. Покажете дека имате разбирање за саканото лице.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Некој индиректно ве предупредува да го промените однесувањето, но вие не и придавате посебно внимание на таа особа која всушност ви се наметнува. Повнимателно размислувајте за зборовите кои делуваат многу добронамерно.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Избегнувајте го секој вид на претерување кој ја нарушува соработничката атмосфера. Некој ќе ве воодушеви со својот шарм и стил на однесување. Потребно е да ги отстраните емотивните недоразбирања. Поведете сметка за исхраната.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Емоционалната ранливост и желбата за љубов во моментов се евидентни. Ако сте во состојба да го реализирате тоа, не жалете да ги покажете сите емоции. Партнерот ќе ви возврати со исти чувства, затоа не двоумете се како да настапите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП