1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Црвена ѕвезда славеше против Барселона

Евролига: Црвена ѕвезда славеше против Барселона

evroli

Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја совладаа Барселона 76:65 во третото коло во Евролигата. Покрај белградскиот тим победи во натпреварите со кои беше комплетираното третото коло остварија Фенербахче, Панатинаикос и Макаби.

Црвена ѕвезда пред 18.500 гледачи во Белградска Арена успеа да слави против Барселона, која на овој меч играше без Наваро и Доелман.

АБА шампионот мечот го реши уште во втората четвртина кога со серија од 18:0 создаде двоцифрена предност. Гудуриќ со 21 поен (9/12 од поле) ја предводеше Црвена ѕвезда до втората победа.

Панатинаикос во Германија славеше над Бросе баскет 84:83, а натпреварот го реши Калатес со поените кои ги постигна на три секунди до крајот на мечот. Најефикасен кај ПАО беше Риверс со 18 поени, еден помалку на спортивната страна уфрли Мели.

Макаби ја забележа првата победа во Евролигата, против Галтасарај славеше 98:92. Турскиот тим сеуште нема триумф по првите три кола. Вимс постигна 23 поени за Макаби по 17 уфрлија Ајверсон и Смит, додека со 22 поени најефикасен кај Галатасарај беше Дентмон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП