6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСто и една евролигашка тројка за Перо Антиќ

Сто и една евролигашка тројка за Перо Антиќ

%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%be-%d1%95%d0%b2%d0%b5%d1%80

Македонскиот интернационалец, двократниот европски клупски првак, Перо Антиќ, ја постигна својата јубилејна 100-та тројка во евролигашката кариера. Антиќ до ова остварување стигна на мечот со Жалгирис, одигран во средата.

Фенербахче по три кола во Евролигата има максимален ефект, а во третото коло турскиот шампион го победи Жалгирис 82:68.

Перо Антиќ пред овој меч имаше постигнато 98 тројки во евролигашката кариера, а мечот го заврши со три постигнати тројки или вкупно 101 во Евролигата.

Антиќ на теренот мина 11 минути и постигна исто толку поени (3/5 за три), а имаше и по еден скок и украдена топка.

Фенербахче до победата го предводеа центрите Удох и Весели кои постигнаа по 14 поени, а двоцифрен во турскиот состав беше и Богдановиќ со 10 кошеви.

Фенербахче во четвртото коло кое на програмата е в петок ќе го игра градското дерби против Галатасарај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП