17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКобен финиш за МЗТ, Цедевита победи во Скопје

Кобен финиш за МЗТ, Цедевита победи во Скопје

%d0%bc%d0%b7%d1%82-%d1%86%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%b2%d0%b8%d1%82%d0%b0-%d0%b4

Кошаркарите на МЗТ го претрпеа вториот пораз во Еврокупот, откако во средата, во неизвесна завршница беа поразени од Цедевита 85:89 (26-26, 20-14, 11-18, 18-27).

Тимовите кои бележат разочарувачки резултати од почетокот на сезоната, во меѓусебниот дуел во Еврокупот, влегоа значително ослабени, без по тројца играчи во ростерот.

МЗТ настапи без повредените Симоновски, Дреновац и Клоф, додека Цедевита пред доаѓањето во Скопје ја раскина соработката со Хопсон, Стоктон и Дукан.

И без тројцата повредени играчи МЗТ добро делуваше во двата правци, во првото полувреме, кога тимот на Јончевски стигна и до максималната предност од 12 поени (42:30).

Цедевита во првото полувреме во игра ја држеше Американецот Џексон, кој во овој период постигна 17 од 40-те поени на хрватскиот шампион.

Третата четвртина донесе резултатска нишалка, МЗТ најчесто имаше предност помеѓу пет и осум поени која Цедевита лесно ја неутрализираше. Кларк играше без грешка во редовите на МЗТ, а Џексон кај Цедевита доби помош од Араповиќ, кој во третиот период постигна девет од своите 13 кошеви.

Последната четвртина го одреди победникот, кошаркарите на МЗТ не можеа да погодат ништо ја загбија предноста, а Цедевита во последната четвртина предводена од Крушлин на нешто помалку од четири минути до крајот стигна до највисоките седум поени предност (78:85).

МЗТ преку Лалиќ и Темс успа да намали на два поени негатива на 74 секунди дио крајот, но екипата од Аеродром немаше сили за целосен пресврт.

Британецот Кларк со 23 поени и осум скока го предводеше МЗТ, а двоцифрен ефект во редовите на македонскиот шампион уште имаа Темс (18 поени, 4 скоа, 4 асистенции), Скот (15 поени, 9скока) и Лалиќ (10 поени).

Играчот на натпреварот Џексон имаше учинок од 29 поени, шест скока и седум асистенции, а покрај него кај Цедевита двоцифрен ефект имаа уште Крушлин (14 поени) и Араповиќ (13 поени).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП