19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан приземјен во Џенова, Пандев не играше

Милан приземјен во Џенова, Пандев не играше

%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b0%d0%bd-%d0%bf%d1%80%d0%b8

Џенова го совлада Милан со 3-0 во првиот натпревар од 10-то коло во италијанската Серија А. Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев победата на својот тим ја гледаше од клупата за резервни фудбалери.

Милан не успеа да го искористи моментумот во кој се најде по триумфот над Јувентус изминатиот викенд, откако на „Луиџи Ферарис“ забележа убедлив пораз.

Четвртата победа на Џенова, во тековната сезона, ја најави Нинковиќ во 14.минута. Проблемите на Милан се зголемија кога Палета доби црвен картон во 56.минута.

Предноста од играч повеќе Џенова ја материјализираше во последните 10 минути од натпреварот, најпрвин Куцка постигна авто гол, а веднаш потоа Паволети го постави конечниот резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП