3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочина легендарниот десен бек, Карлос Алберто (видео)

Почина легендарниот десен бек, Карлос Алберто (видео)

image-17

Карлос Алберто, легендарниот капитен на Бразил и еден од најдобрите десни бекови на сите времиња, почина од инфаркт на 72-годишна возраст во Рио де Жанеиро.

Алберто беше предводник на една од најславните бразилски репрезентативни селекции, која на Мундијалот во 1970 година, во Мексико, ја освои шампионската титула. Во големото финале со гол ја круниса една од најдобрите акции во фудбалската историја.

Карлос Алберто во генерацијата во која беа Пеле, Жеирзињо, Жерсон, Тостао, Ривелињо ја носеше капитенската лента.

Еден е од оние играчи кои ја редефинираа позицијата на која играле. Како десен бек, по десната аут линија, константно играл во двата правци.

Дресот на Бразил го носел на 53 натпревари, на кои постигнал осум голови, а во клупскиот фудбал најголема трага оставил во Сантос (преку 500 натпревари, 50 голови). Со матичниот Флуминенсе три пати бил шампион на Бразил, два пати титулата ја освојувал со Сантос, а во кариерата настапувал уште за Њујорк Космос, Фламенго и Калифорнија Сурф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП