21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар го скрати списокот за мечевите со Украина и Чешка

Червар го скрати списокот за мечевите со Украина и Чешка

lino-cervar

Лино Червар, селекторот на македонската ракометна репрезентација, го скрати списокот на играчи, на кои ќе смета за квалификациските натпревари против Украина и Чешка.

Червар, во петокот, објави список од 28 имиња, а во вторникот од него избриша седуммина.

Ракометарите првиот собир ќе го имаат на 30.октомври.

Македонија квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска, во 2018 година, ќе ги отвори против Украина на 2.ноември во Скопје, а три дена подоцна ќе гостува во Чешка. Покрај овие три репрезентации во квалификациската група се наоѓа и Исланд.

Списокот на Червар за мечевите со Украина и Чешка:

Борко Ристовски (Барселона), Томовски (Металург), Даскаловски (Тимисоара), Ојлески (Ородехи), Манасков (Рајн Некар), Георгиевски (Букурешт), Кузмановски, Талевски , Нелоски, Велковски (сите од Металург), Стоилов (Вардар), Кирил Лазаров (Барселона), Филип Лазаров (Тимисоара), Никола Маркоски (Орошази), Велко Маркоски (Загреб), Ацо Јоноски (Бергишер),Митков (Кремс), Прибак (Бешикташ), Тасевски (Пелистер), Поповски (Вардар јуниор), Арнаудоски (Ферлах).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП