7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо полош и од Дејвид Мојс

Мурињо полош и од Дејвид Мојс

mou-mojs3

Манчестер Јунајтед го пречека Жозе Мурињо како вистински наследник на Алекс Фергусон, но Португалецот има полош биланс и од Дејвид Мојс за кого навивачите на „црвените ѓаволи“ сметаат дека е најлошиот тренер во историјата на клубот.

Манчестер Јунајтед во саботата загуби од Челзи (4-0), што е најтешкиот пораз на Мурињо во Премиерлигата, а втор најтежок во кариерата. По девет натпревари Јунајтед е седми на табелата со 14 бодови.

Мурињо, дочекан како наследник на Фергусон и човек кој ќе ја врати титулата на „Олд Трафорд“, по 14 натпревари во сите конкуренции има скор од осум победи, две нерешени средби и четири порази.

Дејвид Мојс, за кого навивачите на Јунајтед сметаат дека е најлошиот менаџер во историјата на клубот, во истиот период имал осум победи и по три нерешени и порази.

Јунајтед и Мурињо веќе в среда ги очекува ново искушение, дуел против градскиот ривал Манчестер Сити во рамките на Лига купот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП