5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСуслина го оперираше менискусот

Суслина го оперираше менискусот

%d1%81%d1%83%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%b0

Ина Суслина, искуснатта голманка на Вардар, шест до осум недели ќе биде надвор од терените, поради операцијата на менискусот, на десното колено.

ЖРК Вардар, на својата официјална интернет страница, објави дека хируршкиот зафат бил извршен во вторникот од доктор Улрих во болницата во Аугзбург, Германија.

Периодот на рехабилитација и враќање на теренот би требало да биде меѓу 6 и 8 седмици, што значи дека таа во тимот ќе се врати за натпреварите во главната фаза во Лигата на шампионките.

Голот на Вардар, во отсуство на Суслина, ќе го бранат Французинктата Лејно и Бразилката Пешоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП