9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФА го обвини Сисоко за насилничко однесување

ФА го обвини Сисоко за насилничко однесување

musa

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го обвини играчот на Тотенхем, Муса Сисоко, за насилничко однесување, бидејќи во текот на татпреварот со Бормут го удрил Хери Артер.

Тотенхем, во саботата, одигра без голови против Бормут, а Сисоко кој од клупата влезе во игра, со лактот го удрил Артер. Овој момент не го забележал судијата, но бил регистриран од телевизиските камери.

Францускиот репрезентативец би можел да биде суспенсиран на три натпревари, поради овој неспортски потег, а до вторник има рок да одговори на обвинувањата.

„Инцидентите кои во текот на натпреварот ќе се случат, а не идат забележани од главниот судија, ги разгледва комисија од тројца поранешни судии. Секој од нив ќе ја погледна снимката и ќе одлучи дали прекршокот бил за исклучување. За казната да биде изречена трба одлкуата на судиите да биде едногласна“, се наведува во соопштението од ФА.

Тотенхем, во вторник, ќе игра против Ливерпул во Лига купот, а во сабота, во рамките на Премиерлигата ќ го речка Лестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП