10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон прв на Големата награда на САД

Хамилтон прв на Големата награда на САД

hamilton-22

Британскиот возач Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес победи во трката од шампионатот Формула 1 за Големата награда на САД која се возеше во неделата ноќта во Остин и го намали заостанувањето во генералниот пласман зад клупскиот колега Нико Розберг.

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон водеше од почетокот до крајот на трката и славеше пред конкурентот за титулата Германецот Нико Риозберг и Австралиецот Даниел Рикардо од тимот на Ред Бул.

За Хамилтон ова беше јубилејна 50-та победа во кариерата.

Во генералниот пласман на три трки до крајот, сега води Розберг со 331 поен, а Хамилтон е втор со 305 бодови. Следната трка ќе се вози во Мексико за една седмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП