3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига на шампиони: Монпеље пресилен за младите ракометари на Металург

Лига на шампиони: Монпеље пресилен за младите ракометари на Металург

%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b0%d0%bb%d1%83%d1%80%d0%b3-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b7

Младите ракометарите на скопски Металург беа поразени на гостувањето во Франција кај Монпеље со 18-28 во натпревар од групната фаза во ракометната Лига на шампионите, со што македонскиот преставник го забележа третиот пораз сезонава во најсилното клупско натпреварување на континентот.

Металург го отвори мечот со водство од три гола разлика (5-2), но набрзо домашните ракометари израмнија на 7-7. По серијата погодоци Монпеље дојде до првото водство од 12-10. Филип Талески со погодокот во последната секунда од првото полувреме ја намали предност на Монпеље на еден погодок 13-12.

Но второто полувреме Металург започна катастрофално по Монпеље ја зголеми предноста на четирои погодици во второто полувреме. Ракометарите на Монпелје ја зголемија предноста на четири голови 16-12.

Големиот број грешки на ракометарите на Металург придонесе цели седум минути да не постигнат гол, во што удел имаше и домашниот голман Никола Портнер. Од друга страна, играчите на Монпеље постојано го зголемуваа предноста и со серија од пет голови дојдоа до предноста од 23-15. Предноста на французите стигна и до двоцифрена во 27-та минута, 26-16, и за конечните 28-18.

Гребил и Кавтичник беа најефикасни во тимот на Монпеље со по 5 погодоци. Победата им ја донесе на францускиот клуб голманот Никола Портнер кој запиша 20 интервенции. Војислав Брајовиќ со шест погодоци најмногу се истакна во тимот на Металург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП