
Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо се врати „Стемфорд Бриџ“ каде беше херој на навивачите на Челзи, но играчите на неговиот поранешен клуб му „подари“ тежок пораз.


Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо се врати „Стемфорд Бриџ“ каде беше херој на навивачите на Челзи, но играчите на неговиот поранешен клуб му „подари“ тежок пораз.
Во дербито на 9-то колo, Челзи во неделата го совлада Манчестер Јунајтед со 4-0. Домашните го постигнаа водството уште во првата минута, кога грешката на гостинската одбрана ја искористи Педро. Вториот погодок го постигна по корнер, а стрелец беше Гери Кејхил во 21 минута. Другите два гола ги постигнаа Еден Азар во 62 и Н’Голо Канте во 70 минута.
Претходно во неделата Манчестер Сити одигра само 1-1 дома со Саутемптон, Саутемптон поведе преку Натан Редмонд во 27 минута, а изедначи во 55-та Келечи Инеаначо.
Таа, тимот на Пеп Гвардиола падна во „црна серија“ во лошата седмица во која Сити дома ремизираше против Евертон и Саутемптон и беше потопен во Лигата на Шампионите во Барселона (0-4).