21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо шест кола конечно победа на македонски тим во АБА лигата

По шест кола конечно победа на македонски тим во АБА лигата

%d0%bc%d0%b7%d1%82-%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%bf%d0%be%d1%81

Требаше да дојде градското дерби меѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи, за една македонска екипа да ја забележи првата победа во регионалната кошаркарска АБА Лига, во кое „металците“ од Аеродром го скршија отпорот на карпошките „соколи“ и славеа со 74-71 (8-25, 16-6, 24-11, 26-29).

По петте порази кои и нанижаа во досегашниот дел од АБА Лигата и двете екипи, македонскиот шампион МЗТ Скопје доведе повеќе засилувања, кои всушност придонесоа за победата над градскиот ривал. По слабата игра во првото полувреме (24-32), во продолжението МЗТ успеа за пет минути во второто да го преземе водството и да го зголемува до крајот на мечот, иако Карпош Соколи се се доближија на само еден поен заостаток, (71-72), но финишот не успеаја да искористат неколку грешки на противникот и со несфатливи потези ја испуштат победата или натпреварот да го одведат во продолжение.

Во првиот период, кошаркарите на домаќинот во македонското дерби во АБА лигата немаа соодветен одговор за играта на Кендирк Пери кој реализира 12 поени во првите десет минути. Пенов, Лабовиќ и Зековиќ поставија ѕид во одбраната кој „металците“ не можеа да го пробијат. По неполни пет минути игра, водството на „соколите“ беше двоцифрено (4-15). Шутевите на кошаркарите од клубот од Карпош кои беа упатувани од надворешните линии завршуваа директно во обрачот на МЗТ Скопје, па по првиот период резултатот гласеше 8-25 во корист на гостинскиот состав.

Најефикасен кај МЗТ беше Шарлон Клоф со 14 поени, додека двоцифрени бројки забележаат и Синовец со 12, а Кларк, Темс и Скот постигнаа по 11 поени. Кај гостите од Карпош најефикасен беше Пери со 20 поени, Мавра со 15 и Лабовиќ со 10 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП