24 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар останува лидер во фудбалското првенство на Македонија

Вардар останува лидер во фудбалското првенство на Македонија

%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b4%d0%b0%d1%80-%d0%bb%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d1%80

Актуелниот македонски фудбалски шампион Вардар во 11-то коло на гости ја совлада Шкендија со 2-0 и повторно се одвои на плус пет бода од тетовци на врвот на табелата.

Стрелци на головите беа Стефан Спировски во 36 минута и Бобан Николов во 74 минута. Шкендија во среда ќе игра и со Шкупи во меч од второто коло што беше одложен поради обврските на тетовци во Лига Европа.

Работнички го совлада Шкупи со 3:1 на арената „Филип Втори“. Душко Трајчевски во 45 минута, Филип Ивановски во 53 минута и Суад Сахити во 58 минута погодија за домашната екипа, Мустафа Ламбин во 89 минута успеа само да го ублажи поразот на чаирчани. Работнички сега е на бод од второпласираната Шкендија која има и натпревар помалку.

Идентичен резултат и на стадионот во Ѓорче Петров, каде Македонија беше пподобра од Ренова. Еден гол за „црвено-жолтите“ постигна Трајче Стојковски во 45 минута, а два постигна Ален Јашаровски. Напаѓачот на ѓорчепетровци беше прецизен од белата точка во 62 минута, подоцна и од игра во 88. Единствениот гол за гостите го постигна Арџент Гафури во 49 минута.

Победа и Силекс ремизираа (1:1) во Охрид. Дејан Цветаноски донесе водство за прилепчани во 47 минута, Валмир Јонузи израмни за кратовци во 83.

Голови немаше само во Кочани на мечот меѓу Брегалница и Пелистер по што штипјани паднаа на последната позиција на табелата.
Прва лига – Резултати 11. коло;

Шкендија – Вардар 0:2; Работнички – Шкупи 3:1; Победа – Силекс 1:1; Македонија Ѓ.П. – Ренова 3:1 и Брегалница – Пелистер 0:0

Табела: Вардар 25, Шкендија 20 (од 10 натпревари), Работнички 19, Пелистер 16, Ренова 15, Силекс 11, Шкупи 10 (-1), Победа 10, Македонија Ѓ.П. 9, Брегалница 8.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП