21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Сити ремизираше со Саутемптон

Манчестер Сити ремизираше со Саутемптон

man-si

Манчестер Сити во недела ремизираше со Саутемптон, играјќи само 1:1 на домашен терен.

Гостите поведоа во 27 минута со голот на Натан Редмонд, по големата грешка што ја направи одбранбениот фудбалер на ‘граѓаните’ Џон Стоунс.

Со овој резултат се замина на полувреме, а во продолжението Сити се обиде да притисне, но безуспешно.

Сепак, во 55 минута Ихеначо изедначи, по асистенцијата на Лерој Сани.

До крајот на мечот Сити се обидуваше да дојде до трите бода, но Саутемптон успеа да се одбрани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП