2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдржана aтлетска трка во Парк шумата Гази Баба

Одржана aтлетска трка во Парк шумата Гази Баба

atlet

Три атлетски трки се одржа во недела во Парк шумата Гази Баба во чест на Денот на Македонската Револуционерна борба – 23 Октомври на кои имаше над 100 учесници.

„Градот Скопје ја поддржува оваа атлетска трка што се одржува по повод 23 Октомври на која има голем број учесници и се надеваме дека секоја година бројот на учесници ќе се зголемува. Сметам дека ваквите манифестации ќе влијаат врз граѓаните и тие да се занимаат рекреативно или професионално со некој спорт, односно да спортуваат и да се грижат за своето здравје. Се надевам дека и другите општини во иднина ќе организираат вакви спортски настани на нивните територии“, истакна градоначалникот Трајановски.

Трката-полумаратон се трчаше на 21.1 км, втората трка на 5 км, а третата , којашто беше рекреативна трка за жени, на 2 км.

На полимаратонот првото место во женска конкуренција го освои Андријана Поп Арсова, второто Виолета Ивановиќ, а како трета на целта пристигна Марвин Меклен.
Во машка конкуренција најбрзо го истрча полумаратонот Муџахид Муслимовски, втор беше Атанас Анчевски, а трет ја помина целта Игор Стојевиќ.

Медалите на најдобрите им ги доделија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Оваа атлетска трка е под покровителство на Градот Скопје, Општината Гази Баба, Агенцијата за млади и спорт и во соработка и координација со Атлетската федерација на Македонија, а главен организатор на трката е здружението „23 Октомври“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП