9 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВолкот Забавика маскота на СП 2018 во Русија

Волкот Забавика маскота на СП 2018 во Русија

maskota-rusija33

Маскотата на Светското фудбалско првенство во 2018 година кое ќе се одржи во Русија стана волкот Забавика, за што одлучија навивачите со гласање на интернет.

Резултатите од изборот за маскотата за СП 2018 се соопштени доцна ноќта кон саботата на руската национална телевизија, а организаторите потврдија дека гласале повеќе од милион луѓе.

Волкот со околу 52,8 отсто победи пред мачката и амурскиот тигар во астронаутска опрема, а победникот заедно го прогласија претседателот на Руската фудбалска федерација, Виталиј Мутко, и поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Роналдо.

Така волкот Забавика ќе ги наследи леопардот Закуми од мундијалот во Јужна Африка во 2010-та и кутрето Фулеш од минатиот во Бразил во 2014-та година.

Шампионатот во Русија ќе се игра од 14-ти јуни до 15-ти јули 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП