17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар го продолжи договорот со Барселона

Нејмар го продолжи договорот со Барселона

nejmar-nej

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар го продолжи договорот во петокот со Барслеона до јуни 2021 година, соопшти каталонскиот фудбалски гигант.

Новиот договор на Нејмар содржи откупна клаузула која во првата година од новиот договор изнесува 200 милиони евра, а во третата дури 250 милиони евра.

Засега не е познато колку ќе изнесува неделната плата на Бразилецот, но според медиумите сигурно е дека таа ќе биде повисока отколку досегашната.

„Навистина сум среќен поради обновувањето на договорот, бидејќи во Барселона се чувствувам како дома“, изјави Нејмар.

Купувањето на Нејмар за Барса се покажа како вистински потег, бидејќи откако пристигна во летото 2013 година освои дури девет титули: два трофеа во шпанското првенство, два во националниот куп, една во Лигата на шампоните, две во шпанскиот Суперкуп, еден европски Суперкуп и една титула на светски клупски првак.

Во 1.500 натпревари одиграни за Барселона, Нејмар постигнал 91 гол, од кои 59 во Примера, 19 во Лигата на шампионите, 12 во Купот на кралот и еден во шпанскиот Суперкуп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП