ПочетнаИНТЕРЕСНОШкендија против Шкупи во четвртфиналето на Купот

Шкендија против Шкупи во четвртфиналето на Купот

kup-makedonija1

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, Шкендија, ќе се соочи со Шкупи во најинтересниот четвртфинален двомеч, одличи ждрепката која во петокот беше извршена во просториите на ФФМ.

Шкупи во првиот четвртфинален натпревар ќе ја пречека Шкендија, а во останатите прволигашки пресметки во оваа фаза на куп натпреварувањето ќе играат Пелистер-Силекс и Победа-Брегалница.

Актуелниот шампион на Македонија Вардар за опонент во четвртфиналето го доби вторлигашот Металург.

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 23.ноември, а реваншите на програмата се на 7.декември.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП