
Кошаркарките на ЛА Спаркс ја освоија титулата во женската НБА лига (WNBA).


Кошаркарките на ЛА Спаркс ја освоија титулата во женската НБА лига (WNBA).
ЛА Спаркс, во петтиот меч, од финалната серија ја совладаа Минесота со 77-76. Хероина на екипата од Калифорнија стана Нека Огвумике која на три секунди до крајот ги постигна решавачките поени. Огвумике натпреварот го заврши со двоен ефект од 12 поени и исто толку скокови, додека победничките ги предводеше Кендејс Паркер со 28 поени и 12 скокови.
Во поразениот тим се истакнаа Маја Мур (23 поени, 11 асистенции, 6 скока) и Симона Августус (17 поени).
ЛА Спаркс ја освоија третата титула во историјата на клубот, прва по пауза од 14 години. Титула со кошаркарките ја прослави и легендарниот НБА играч, Ирвин Меџик Џонсон.