21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНови договори за Венгер, Езил и Санчез

Нови договори за Венгер, Езил и Санчез

arsenal-dogovori

Фудбалскиот клуб Арсенал, по добрите резултати кои ги бележи од стартот на сезоната, решил да ги продолжи договорите со менаџерот Арсен Венгер и играчите Месут Езил и Алексис Санчез, пренесуваат англиските медиуми.

Арсенал, по подолго време, добро влезе во една натпреварувачка сезона, тимот се наоѓа во серија од седум победи во сите натпреварувања, а последната е извојувана во средата, против Лудогорец во Лигата на шампионите (6-0).

Резултатите биле сигнал за челниците на клубот да подготват нови договори за менаџерот Арсен Венгер, кој веќе две децении е на функцијата, но и за првите ѕвезди Мезут Езил и Алексис Санчез.

Езил, според информациите од Островото, побарал неделна плата од 250 илјади фунти. Германскиот репрезентативец, од почетокот на сезоната, во Премиерлигата одиграл седум натпревари и постигнал седум гола, додека во ЛШ на три натпревари постигнал исто толку голови, сите во победата над Лудогорец.

Чилеанецот Санчез, во ЛШ има постигнато два гола, против ПСЖ и Лудогорец, а во Премиерлигата на седум натпревари постигнал пет гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП