8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДебакл на Сити во Барселона

Дебакл на Сити во Барселона

image-15

Хет триковите на Меси и Езил, убедливите победи на Барелона, Арсенал и минхенски Баерн и триумот на Бешикташ во Неапол ги обележаа натпреварите во Лигата на шампионите во групите А, Б, Ц и Д.

Дербито се одигра во Барселона, каде Меси и тимот сурово ги казнија сите гршки на Манчестер Сити. Меси првиот гол го постигна во 17.минута, кога ја искористи нерешителноста на дефензивците на Сити.

Во финишот на полувремето Тер Штеген го одбрани ударот на Гундоган, а обидот на Стоунс заврши крај голот.

Сити во 53.минута остана со играч помалку, откако голманот Браво играше со рака надвор од својот шеснаесетник.

Барселона тоа веднаш го казни, со двата гола на Меси, со кои Аргентинецот го комплетираше хет трикот. Головите дојдоа по грешките на Фернандињо и Гундоган.

Матие во периодот од 71 до 74 минута доби два жолти картони и ја напушти играта. Во финишот Меси изнуди пенал, а Нејмар не успеа да го совлада Кабаљеро. Бразилецот сепак успеа да постигне гол во претпоследната минута со кој го постави конечниот резултат 4-0.

Во вториот меч во групата Ц, Селтик загуби од Борусија Менхенгладбах 0-2. Виновник за головите кои ги постигнаа Штандл и Хан во второто полувреме беше Коло Туре.

Во А групата Арсенал и ПСЖ забележаа сигурни победи. Арсенал го прегази Лудогорец со 6-0. Санчез, Волкот и Окслејд-Чембрлен погодија во првото полувреме, а во второто Езил постигна хет трик.

ПСЖ го победи Базел 3-0 со головите на Ди Марија, Лукас Моура и Кавани од пенал.

Изненадувањето на колото го направи Бешикташ, кој славеше во Неапол 3-2. Турскиот шампион го предводеше Абубакар кој постигна два гола, а еден беше дело на Кореа. Мертенс и Габијандини од пенал погодија за Наполи. Наполитанците при резутат 1-2 не искористија пенал.

Динамо во Киев загуби од Бенфика 0-2. Салвио во 10-та и Серви во 55-та минута беа стрелци на головите.

Фаворитие победиј и во Д групата. Баерн го победи ПСВ со 4-1 со головите на Милер, Кимих Левандовски и Робен, а Атлетико во Ростов минимално славеше со голот на Караско.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП