28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити стравува од Реал во битката за Кавани

Сити стравува од Реал во битката за Кавани

cavani-affole-les-compteurs_96680

Англиските медиуми наведуваат дека Манчестер Сити е многу близу до заврушување за личните услови во соработката со Кавани, па неговата неделна плата би требало да изнесува околу 256.000 фунти.

„Сините“ се подготвени да го направат уругвајскиот напаѓач најплатен фудбалер во Англија со годишна плата од 13.3 милиони фунти.

Но најголема конкуренција за доведувањето на играчот на Наполи „граѓаните“ ќе имаат во Реал Мадрид кои исто така покажуваат голем интерес за неговите услуги.

Иако интерес за Кавани покажа и ПСЖ, но во Сити највеќе стравуваат од Реал, затоа што веруваат дека на напаѓачот ќе му понудат помала плата, но многу поголеми бонуси. Но исто така што и самиот Кавани е повеќе наклонет кон Мадрид, отколку кон Манчестер.

Кавани е обврзан со Наполи до 2017-та година, но во неговиот договор стои клаузула за неговата слобода во висина од 52 милинои фунти, која европските гиганти без многу проблеми би ја платиле за да дојдат до услугите на фантастичниот Уругваец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП