11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТренерски тим Самсоненко, Кокшаров, Станковски на клупата на ЖРК Вардар

Тренерски тим Самсоненко, Кокшаров, Станковски на клупата на ЖРК Вардар

zrkzeni33

Индира Кастратовиќ, во неделата, ден по нерешениот резултат со Ференцварош во Лигата на шампионките, доби отказ на тренерската функција во ЖРК Вардар, а до именување на нејзин наследник, на првиот следен натпревар тимот ќе го предводи тренерски тим составен од Сергеј Самсоненко, Едуард Кокшаров и Аце Станковски.

ЖРК Вардар, в петок, ќе го пречека Лајпциг без Индира Кастратовиќ, која по четири години се раздели со „црвено црните“. Резултатот против Ференцварош (27-27), беше причината да дојде до крајот на четиригодишната соработка помеѓу клубот и тренерот.

Раководството е во по потрага по нов тренер на женскиот клуб, на тренинзите помага Дејвид Камара од машкиот тим, а до именување на нов шеф на стручниот штаб екипата ќе ја предводи тренерски тим во кој се сопственикот Сергеј Самсоненко, директорот Едуард Кокшаров и помошникот на Кастратовиќ, Аце Станковски.

„Верував дека ќе можеме со Кастратовиќ да се подобриме, но морав да направам промени. Мислевме дека ќе победуваме, дека ќе имаме игра, очекувавме нешто сосема друго, поради тоа решивме дека нешто мора да менуваме. Оваа одлука е само моја, никој не влијаеше врз донесувањето на одлуката. Со Индира бевме четири години заедно и понудивме да остане во Вардар, се надевам дека ќе ја прифати понудата. Додека не избереме нов тренер решив ние тројца да ја предводиме екипата на мечот со Лајпциг. Одговорноста околу резултатите и играта ќе ја преземам јас лично, но напоменувам дека ова е краткорочно решение“, рече на прес конференцијата Самсоненко.

ЖРК Вардар, на 21.октомври од 20:30 часот, во СЦ Јане Сандански, ќе го пречека тимот на Лајпциг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП