10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА: Дисциплинска постапка против Косово и Хрватска

ФИФА: Дисциплинска постапка против Косово и Хрватска

kos-hrv3

Светската фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против Косово и Хрватска, поради некоректното навивање на фановите на меѓусебниот дуел на двете репрезентации одигран во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.

Косово и Хрватска натпреварот го одиграа во Скадар, Албанија, а навивачите на двете репрезентации заеднички извикувале анти-српски пароли, најчесто „Убиј го Србинот“. ФИФА не соопшти кога ќе ја донесе пресудата.

Инаку, поради националистички скандирања и разни инциденти кои ги предизвикаа нејзините навивачи, Хрватска во минатото веќе беше казнета парично и со забрана за настап пред публика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП