8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДобрите резултати на компаниите ги поттикнаа индексите на Волстрит

Добрите резултати на компаниите ги поттикнаа индексите на Волстрит

image-volstrit

На Волстрит во вторникот цените на акциите пораснаа благодарејќи на солидните деловни резултати на компаниите, кои ги поддржаа надежите на вложувачите дека заработките ќе порастат првпат по четири тримесечја пад.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,42 отсто, на 18.161 поен, додека S&P 500 индексот порасна за 0,62 проценти, на 2.139 поени, а Nasdaq индексот скокна за 0,85 отсто, на 5.243 индексни поени.

Растот на индексите дојде благодарејќи на подобрите отколку што се очекуваше квартални деловни резултати на компаниите, меѓу другото и на значајните како „Netflix“, „UnitedHealth“ и „Goldman Sachs“.

Откако 52 компании од составот на S&P 500 индексот ги објавија извештаите, аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека во изминатото тримесечје заработките на компаниите пораснале за 0,2 отсто во однос на истиот лански период, додека на почетокот на сезоната на објавувањето на деловните извештаи очекуваат пад на добивките од 0,7 отсто.

Вложувачите се надеваат дека финансиските извештаи на компаниите ќе покажат дека заработките пораснале првпат по четирите квартали пад, што би означело крај на рецесијата на заработките, кога трае од третиот квартал од 2015 година.

„Добивме пристојни резултати. Бидејќи повеќето компании ги надминуваат процените на аналитичарите, вложувачите веруваат дека ова ќе биде првиот квартал од последните пет заработките да порасната на годишно ниво“, вели Џек Еблин, директор „BMO Private Bank“.

Доколку и повеќето други американски компании ги натфрлат очекувањата на аналитичарите, третиот годинешен квартал, исто така, прв од крајот на 2014 година да порасната и заработките и приходите на компаниите.

Благодарејќи на тоа, во вторникот сите десет лавни сектори од составот на S&P 500 индексот завршија во позитива, а најмногу, за 1,1 отсто, пораснаа цените на акциите во здравствениот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП