24 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.10.2016

Дневен хороскоп 19.10.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Надворешните проблеми не се толку тешки за да ве спречат во постигнувањето на вашите цели. Но сепак сметајте на намалена концентрација. Одлично ќе се разбирате со колегите и претпоставените. Во љубовните врски односите се заоструваат, а слободните треба да внимаваат со кого ќе започнат љубовна врска.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не се решаваат сите ситуации со кавга, пробајте со мирен разговор да ги решите проблемите на работното место но и во приватниот живот. Некој ќе ви соопшти некоја вест која тотално ќе ве натажи. Побарајте помош за мирно прифаќање на новата ситуација во животот од ваш пријател кој е Риба.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сакате некаква промена во социјалниот живот, не сте задоволни ниту од себе ниту од партнерот. Потезите во овој период ќе ви бидат клучни за понатамошните случувања. Внимавајте на здравјето, недоволно спиете, а тоа ви го намалува имунитетот. Порака со интересна содржина ќе донесе насмевка на вашето лице.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Депресијата во овој период е вашето второ име, мора да излезете од тој негативен круг. Размислувајте за понатамошниот живот, забележете дека всушност и не се така лошо поставени работите. Премногу ги осудувате колегите, и тие се во незавидна позиција. Соработувајте со нив и намалете ги проблемите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Постојано несериозно се однесувате, околината веќе сфатила какви сте и не се ни потпира на вашето мислење или вашата помош. Посакувате да патувате, одмарате и излегувате. Работата ви е последна на списокот, а вашите финансиски средства јасно покажуваат дека е потребно да работите и да заработувате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Интензитетот на настаните ќе ја намали вашата посветеност и концентрација, што се однесува до изразувањето на нежност и приврзаноста со партнерот. Ќе се чувствувате уморни, а токму сега ви е најпотребен одмор. Овозможете им на блиските особи поголема слобода и време, што ќе си ги посветат на себе си.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете енергични, претприемачки и пргави. Денот е поволен за извршување на задачи за кои е потребна физичка подготвеност. На љубовен план ќе бидете многу страствени за постигнување на своите желби. Дури и вашиот партнер ќе ви признае дека нема многу избор кога ќе почнете да ја наметнувате својата волја.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сакате некои нешта кои не се за вас. Постојано мечтаете за некое совршенство а ни самите вие не сте толку совршени. Денес ќе мора да платите за некоја голема грешка направена во минатото. Престанете да им судите на другите, ќе имате проблем на работното место. Вашето семејство се чувствува запоставено.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашата психичка состојба поради различни причини не е најдобра. Самите настани тоа ќе го потврдат. Не ќе можете да се усогласите со личности од спротивниот пол, па вашиот љубовен живот ќе се најде во мала криза. Немате доволно сила да започнете од почеток. Потребен ви е одмор.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Едно мислите, друго правите. Околината ве осудува а вие знаете дека не сте во право но сепак гордо се инаетите. Оние кои не работат постои можност да бидат повикани на некое работно место. Во љубовта се ви е под конец, но тоа не е така поради вас, туку поради грижата и трудот на вашиот партнер.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе имате идеја како да ги решите проблемите во работата кои ги имате со некој Јарец или Шкорпија. Би требало да бидете во добри односи со Рибите. Чувствувате дека е потребно да промените нешто во својот став кон блиските соработници. Не дозволувајте гневот да го надвладее разумот.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекува некој проблем на работното место. Обидете се што можете побезболно да го решите, бидејќи во спротивно ќе стане уште полошо. Ќе вложувате голем напор за да ја унапредите работата, внимавајте тоа на некои колеги не им се допаѓа, па можно е да ви наштетат. Имате голема поддршка од саканата личност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП