26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПред точно 58 години настана првата видео-игра во светот (видео)

Пред точно 58 години настана првата видео-игра во светот (видео)

prva-igra-333

Иако првиот развој на видео-игри започна други во 70-тите години од минатиот век, првите игри настанале дваесетина години порано.

Вилијам Хајџинботам и Роберт Дворак на 18-ти октомври 1958-ма ја прикажаа својата симулација на тенис, „Tennis for Two“, a тоа се смета за прва вистинска видео-игра направена само заради забава, а не како технолошка демонстрација.

За симулаторот за тенис е користен аналоген компјутер „Donner“ со користење на осцилоскоп и два контролери. Својата игра ја прикажале на посетителите на „Brookhaven“ лабораторијата во која работеле, а неколку стотина луѓе го играле нивниот тенис.

Играчите со контролерите можеле да го управуваат аголот со кој ја удираат топката и ја префрлуваат топката преку мрежата, а топката можела да удира и во неа.

Една година подоцна тие претставиле и подобра верзија на играта, со поголем екран и новитети во движењето на топката.

Денешните игри според графиката се многу приближни до реалноста, така што понекогаш е тешко да се погоди дали станува збор за фотографија или сцени од некои тркачки симулации.

Погледнете како изгледала првата видео-игра во светот:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП