
Американскиот бизнисмен Френк Мекорт за сума од 45 милиони евра стана сопственик на славниот француски фудбалски клуб, Олимпик Марсеј.


Американскиот бизнисмен Френк Мекорт за сума од 45 милиони евра стана сопственик на славниот француски фудбалски клуб, Олимпик Марсеј.
Мекорт, кој на јавноста е познат и како поранешен сопственик на бејзбол тимот ЛА Доџерс, преку француските медиуми порачал дека во наредните четири години во клубот ќе вложи 200 милиони евра.
Истовремено американскиот бизнисмен го именуваше Жак-Анри Еро за нов претседател на клубот.
„Денес започнува ново поглавје во историјата на Олимпик Марсеј. Ќе го вратиме клубот на патеките на славата“, порачал 63-годишниот Мекорт.
Продажбата може да го спаси великанот на францускиот фудбал од просечноста во која се наоѓа во изминатите неколку сезони, минатата сезона Марсеј заврши на 13-то место, а во тековната по девет одиграни натпревари е на 12-то место.
Навивачите за ваквата состојба ја обвинуваат „неспособната богата наследничка“ Маргарита Луј-Драјфус, која клубот го презеде пред две децении кога почина нејзиниот татко.