21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул и Јунајтед разочараа во дербито

Ливерпул и Јунајтед разочараа во дербито

liver-juna

Најголемото дерби на англискиот фудбал дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кој се одигра во рамките на осмото коло во Премиерлигата, заврши без голови. Последен пат овие ривали меч без голови одиграле пред 11 години, исто така на „Енфилд“.

Најавуван како дерби во кој двата ривала ќе водат голема борба, дуелот понуди многу малку од убавината на фудбалската игра.

Двата тима, како што покажува конечниот резултат, одиграа натпревар во кој примарна цел беше да се сочува сопствениот гол.

Манчестер Јунјатед подобро стоеше на теренот во првото полувреме, но ниту еден од неговите фудалери не успеа посериозно да го загрози голот на Каријус.

Ливерпул одигра подобро во второто полувреме, кога и пропушти две шанси да го совлада Де Хеа, кој успеа најпрвин да го одбрани ударот на Емре Џан во 59-та минута, а 12 минути подоцна со бравурозна парада го одбрани ударот на Кутињо од 25 метри.

По осмото коло Ливерпул е на четвртото место со 17 бодови, два помалку од лидерите Манчестер Сити и Арсенал, додека Манчестер Јунајтед со 14 бодови е на седмата позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП