Доколку се уште не сте купиле некој од најпаметните часовници на „Apple“ од „Apple Watch Series 2“, бидејќи го чекате новиот модел „Nike +“, ќе треба да бидете трпеливи уште само неколку дена, пишува „Engadget“.

Технолошкиот гигант ги објави информациите на својот сајт, на кои станува јасно дека „Apple Watch Nike +“ ќе се појави на пазарот на 28-ми октомври – точно навреме, за да го исполни ветувањето на компанијата за премиера на крајот на месецот.
Часовникот е достапен во варијанти од 38 мм и 42 мм, а цената на првиот е 365 долари, а на вториот е 399 долари, колку што се стандардните цени на часовниците од „Series 2“.
Паметниот часовник има „GPS“ и е водоотпорен. Како што е познато и од неговото име, тој е дело на партнерството на „Apple“ со производителот на спортски стоки „Nike“.
Корисниците можат да изберат помеѓу четири различни бои, црна, сива, сребрена и жолто на самата лента. Сите модели се со стандардно алуминиумско куќиште.