5 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена Вилијамс ја заврши сезоната

Серена Вилијамс ја заврши сезоната

serenata-3553

Серена Вилијамс, слично како и минатата година, нема да учествува на завршниот Мастерс во сезоната. Американката, учеството на Мастерсот во Сингапур, го откажа поради повредата на рамото.

„Докторите инсистираа да останам дома и да го лечам повреденото рамо, за да можам да бидам подготвена за почетокот на наредната сезона. Оваа година беше многу тешка за мене. Повредата не ми дозволи да се одморам“, рекла Серена Вилијамс.

Последен турнир на кој Американката настапи годинава беше грен слемот во Њујорк, каде неочекувано во полуфиналето загуби од Каролина Плишкова.

Серена Вилијамс, во кариерата, пет пати има триумфирано на завршниот Мастерс (2001, 2009, 2012, 2013, 2014) и е втора на вечната листа зад Мартина Навратилова.

На последниот турнир во сезоната учество ќе земат осум тенисерки: Анжелик Кербер, Симона Халеп, Агњешка Радванска, Каролина Плишкова, Гарбиње Мугуруса, Медисон Киз и Доминика Цибулкова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП