6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏеј Ар Смит уште четири години во Кливленд

Џеј Ар Смит уште четири години во Кливленд

%d0%b4%d0%b7%d0%b5%d1%98-%d0%b0%d1%80%d1%82

Џеј Ар Смит потпишал нов четиригодишен договор со екипата на Кливленд Кавалирс, вреден 57 милиони долари.

Смит, минатата сезона, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 12,3 поени, 2,8 скока и 1,7 асистенции, а во плеј офот бележеше во просек по 11,5 поени и 3,6 скока.

Бекот шутер во НБА лигата влезе по драфтот во 2004 година, а во кариерата играл во Њу Орлеанс, Денвер и Њујорк.

Минатата сезона беше еден од клучните играчи во тимот на Кливленд кој ја освои првата титула во клупската историја.

Новиот договор на Смит му гарантира 45 милиони во првите три години, а четвртата кога тој ќе има 34 години не е во целосѕ загарантирана.

Новата сезона во НБА лигата започнува на 25.октомври, а Кливленд првиот меч ќе го одиграат против Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП