15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоси на пол позицијата во Јапонија

Роси на пол позицијата во Јапонија

rosi884

Возачот на Јамаха, Валентино Роси, ја освои пол позицијата во пресрет на 15-та трка во Мото ГП шампинатот, во кралската класа, за Големата награда на Јапонија.

Легендарниот Италијанец оствари време 1:43.954 минути и ја освои третата пол позиција сезонава, вкупно 64-та во кариерата.

Покрај Роси трката од првиот стартен ред ќе ја започнат лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез на Репсол Хонда и актуелниот светски првак Хорхе Лоренцо на Јамаха.

Во вториот ред се наоѓаат Андреа Довициозо на Дукати, Кал Кралчоу на Хомда и Алеш Еспаргаро на Сузуки.

Зад нив се Маверик Вињалњс, Ектор Барбера, Пол Еспаргаро и Данило Петручи.

На четири трки до крајот на првенството Маркез има 52 бода повеќе од Роси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП