28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки со реми ја отворија сезоната во ЛШ

Вардарки со реми ја отворија сезоната во ЛШ

%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8

Ракометарките на Вардар ремизираа со Ференцварош 27-27 (17-14), во првиот натпревар, во новата сезона во Евролигата. Мечот во „Јане Сандански“ се решаваше во финишот, а последниот гол и конечниот резултат го постави Лакабер од седмерец. На овој меч за Вардар дебитираа Лакабер, Херем и Масвар (одигра само две минути), додека на клупата мечот го преседеа Песоа и Илина.

Ракометарките на Вардар, без повредените Лекиќ и Кликовац, со засилувањата Лакабер, и Херем, предводени од Пенезиќ. Не успеаја да стартуваат со победа во новата сезона, во Лигата на шампионките.

„Црвено-црните“ и Ференцварош одиграа квалитетен натпревар, во кој најголемата предност на Вардар изнесуваше четири, а на Ференцварош два гола.

Вардар од почетокот го диктираше темпото, но не успеа да создаде предност поголема од два гола. Дури во финишот со голот на Лакабер ја надминаа границата од два гола и со 17-14 заминаа на полувреме.

Веднаш на почетокот од второто полувреме вардарки стигнаа до највисоките четири гола позитива (18-14), но гостинките не дозволија противникот дополнително да се „одлепи“.

Ференцварош одговори со серија 2-6 и во 41-та минута ги врати работите на почетокот (20-20).

Во наредните девет минути најпрвин Вардар направи серија 3-1, а потоа гостинките одроворија со иста мерка за 24-24 во 50-та минута.

Ференцварош, по двата нереализирани напади на Вардар дојде до минимална предност 25-26. Дамата кулминираше во последните две и пол минути, Ковачич беше исклучена, Вардар израмни преку Пенезиќ, потоа Сучански ја врати предноста кај Ференцварош. На 50 секунди до крајот Лакабер погоди од седум метри за 27-27.

Унгарките со ракометарка помалку не успеаја да организираат добар напад, обидот на Пена заврши над голот. Кастратовиќ побара тајм-аут, аВардарки последниот напад на 10 секунди до крајот го организираа со седум ракометарки во поле без голман.

По тајм-аутот почетника грешка направи Лакабер, на знакот на судиите да започне играта таа не ја подаде топката туку тргна во напад, судиите досудија неправилно водење. Топката заврши кај Сучански но нејзиниот обид од половина терен да го погоди празниот гол заврши во дирекот.

Пенезиќ го предводеше Вардар со осум голови, два повеќе од Лакабер, која покажа дека ќе биде големо засилување за тимот на Индира Кастратовиќ. На спротивната страна Ковачиќ и Сучански постигнаа по седум, а Пена шест голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП