3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМаскерано во Барселона до 2019-та

Маскерано во Барселона до 2019-та

maskeranoto-98

Аргентинецот Хавиер Маскерано, денеска ќе го продолжи договорот со Барселона на уште една година, што значи дека дресот на каталонскиот гигант ќе го носи до јуни 2019 година, потврдил спортскиот директор на Барса, Роберт Солер.

Хавиер Маскерано на „Ноу Камп“ пристигна од Ливерпул во 2010 година, а претходно го носел дресот на Ривер Плата, Коринтијанс и Вест Хем Јунајтед. Интересно нема постигнато ниту еден гол во досега одиграните 289 натпревари за Барселона.

Со клубот има освоено 16 трофеи, меѓу кои два во Лигата на шампионите и четири во шпанското првенство.

За Аргентина настапил на 133 натпревари, на кои постигнал три гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП