3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦСКА го прегази Галатасарај, дрматични триумфи за Армани и Дарушафака

ЦСКА го прегази Галатасарај, дрматични триумфи за Армани и Дарушафака

%d1%86%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d0%b0%d0%bb

Европскиот првак ЦСКА Москва со импресивна игра и убедлива победа над Галатасарај ја започна новата сезона во кошаркарската Евролига. Во четвртокот се одиграа уште два натпревари, во кои во драматични завршници славеа Армани Милано и Дарушафака.

Галатасарај, актуелен освојувач на Еврокупот, го пречека актуелниот шампион на Европа, ЦСКА и доживеа катастрофален пораз. ЦСКА победи 109:84 благодарение на Теодосиќ (20 поени, 11 асистенции), Де Коло (22 поени) и Џексон (16 поени).

Армани го совлада Макаби 99-97, во дрматична завршница, иако на 40 секунди до крајот имаше предност од осум поени. Израелците се вратија во мечот, а Александер во последната секунда не реализира положување за продолженија.

Најефикасни кај Армани беа Хикмен со 22, Радуљица со 18 и Мачван со 15 поени, додека Гаудлок со 27 поени го предводеше Макаби.

Црвена ѕвезда ја пречека Дарушафака, која во преодниот рок состави моќен тим, кој од клупата го предводи Дејвид Блат. Белградскиот тим водеше 28 минути, во еден период и со 16 поени, но не успеа да победи. Во драматична завршница Дарушафака победи 73-70.

Кузмиќ со 16 поени и девет скока, однсоно Гудуриќ со 13 кошеви ја предводеа Црвена ѕвезда, додека кај Дарушафака подобри од останатите беа Клејбурн со 19 и Бертранс со 13 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП