4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТајсон Фјури се откажа од титулите

Тајсон Фјури се откажа од титулите

fjuri-33

Тајсон Фјури (28) се откажа од шампионските титули во тешка категорија во верзиите на WBO и WBA. Контроверзниот Ирец на ваков чекор се реши откако беше позитивен на кокаин.

Фјури пател од депресија и поради тоа земал кокаин, а откако скандалот беше откриен, на тој напиша дека размислувал и за самоубиство.

Ирецот, кој минатата година го победи Владимир Кличко и стана апсолутен шампион во тешка категорија, два пати се повлекуваше од реваншот со украинскиот боксер.

Тајсон Фјури по скандалот решил да ги врати шампионските појаси со надеж дека кога ментално и физички ќе закрепне ќе може повторно да се бори за нив.

Неговиот вујко и тренер, Питер Фјури, рекол дека Тајсон ќе се врати во рингот и дека ќе ги врати титулите тамо каде им е местото.

Во меѓувреме, светските медиуми, повикувајќи се на изјавите на боксерските промотори, објавија дека за титулите ќе се борат Ентони Џошуа и Владимир Кличко, но дека официјален договор сѐ уште не е постигнат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП