17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСателитот открил зошто на секој меч постигнувале гол од корнер

Сателитот открил зошто на секој меч постигнувале гол од корнер

kriv-teren33

Аргентински клуб кој се натпреварува во петтата лига на оваа земја доби ултиматум од националната Федерација правилно да ги исцрта линиите на теренот или ќе биде дисквалификуван.

Линијерс, фудбалски клуб од градот Виљегас, кој се наоѓа во близина на метрополата Буенос Аирес, од 1987 година игра на терен на кој линиите се исцртани трапезоидно, а не правоаголно.

Неправилноста е откриена кога од Аргентинската фудбалска федерација (АФА) ги виделе снимките на Google Earth, вчудоневидени од изгледот на теренот тие поставиле ултиматум до клубот: „Имате три месеци теренот да го обележите на вистински начин, во спротивно ќе го згаснеме клубот“.

Интересно од клубот рекле дека тие отсекогаш знаеле дека теренот е трапез, а не правоаголник и дека истото го знаеле и противничките тимови, но никој никогаш не се пожалил.

„Теренот секогаш бил посебен, па ние на речиси секој натпревар постигнувавме голови директно од корнер. Јас секогаш останував по тренинзите и вежбав изведување на корнери, во кариерата сум постигнал преку 10 гола дирекнто од корнер“, изјавил поранешен играч на Линијерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП