26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарчец успешно опериран

Марчец успешно опериран

marcec

Ракомeтарот на Металург Мартин Марчец, во средата, бил успешно опериран во Забок, Хрватска. Марчец го очекува долг период на рехабилитација, тој ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Марчец на натпреварот со Нексе, во рамките на СЕХА лигата, ги скина предните вкрстени лигаменти.

„Операцијата одлично мина, а ме оперираше др. Едуард Род од болницата ‘Света Катарина’ во Забок. Засега сѐ е под контрола, се одморам и примам лекови против болка. Наскоро ќе станам на нозе и ќе користам патерици, а потоа ќе почнам со рехабилитациониот процес“, изјавил Марчец за интернет страницата на Металург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП