23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоминик Мавра нов играч на Карпош Соколи

Доминик Мавра нов играч на Карпош Соколи

mavra333

Екипата на Карпош Соколи ја засили бековската линија со 22-годишниот хрватски интернационалец, Доминик Мавра.

Договорот на Мавра со Карпош Соколи важи до крајот на сезоната, тој во тимот доаѓа на местото на Лемонт Мек со кого уравата на клубот го раскина договорот.

Инаку, Мавра, кој поголемиот дел минатата сезона го мина во Полска, во дресот на МКС Даброва, е член на златната кадетска и јуниорска генерација на Хрватска, која стана европски шампион во 2010 во Црна Гора односно 2012 година во Литванија.

Хрватот за новиот тим би требало да дебитира в сабота против својот поранешен тим Цибона, во рамките на петтото коло во АБА лигата.

Карпош Соколи по четири натпревари во АБА лигата има исто толку порази, а во средата загуби и во првото коло во БИБЛ конкуренцијата. Сутјеска славеше во Скопје убедливо 90-64.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП