26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Реал убедлив против Олимпијакос

Евролига: Реал убедлив против Олимпијакос

%d1%80%d0%b5%d0%b0%d0%bb-%d0%be%d0%bb%d0%b8%d0%bc

Кошаркарите на Реал го совладаа Олимпијакос 93-65 во првиот натпревар кој се одигра во новата сезона во Евролигата. Во новата сезона во Евролигата ќе учествуваат само 16 екипи кои ќе играат лига систем, секој со секого по два пати. Во завршницата, односно плеј офот ќе се пласираат најдобрите осум, а победниците од четвртфиналните дуели ќе играат на завршниот турнир, кој во мај наредната година ќе се оджи во Истанбул.

Реал, против Олимпијакос, одлично тргна во натпреварот, блескаше Серхио Љуљ кој во првата четвртина постигна 15 поени. „Кралскиот клуб“ најчесто имаше предност до осум поени, која Олимпијакос неколку пати лесно ја анулираше, а во третата четвртина грчките кошаркарии беа тие кои ја имаа предноста.

Неивесен натпреваорт беше се до 33-та минута, потоа Љуљ и Лука Дончиќ погодија неколку тројки за конечни 83-65.

Љуљ со 22 поени го предводеше Реал, а двоцифрен ефект имаа уште Дончиќ (11) и Џејси Керол (10). Троца играчи и кај Олимпијакос постигнаа двоцифрен број на поени: Лојески (14), Спанулис (12), Принтезис (12).

Во четврток, во евролигата, ќе се одиграат мечевите Галатасарај-ЦСКА, Милано-Макаби и Црвена ѕвезда-Дарушафака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП