3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДржавата ги награди младите фудбалери што се пласираа на Европското првенство

Државата ги награди младите фудбалери што се пласираа на Европското првенство

premier-fudbaleri

Владата на седница во среда донесе одлука со која се обезбедуваат и доделуваат награди за играчите и членовите на стручниот штаб на младинската фудбалска репрезентација во износ од 4.200.000 денари, како симболичен чин на благодарност и покажување на поддршка од страна на државата за пласманот на Европското првенство.

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, во среда оствари средба со членовите, стручниот штаб и раководството на македонската младинска репрезентација во фудбал.

На присутните фудбалери и спортски работници им го честиташе големиот спортски успех и пласманот на европското младинско фудбалско првенство.

Тој истакна дека овој голем спортски резултат е од огромно значење за целото општество и за Република Македонија, и истовремено им заблагодари на фудбалерите и спортските работници за нивниот придонес во создавањето на позитивна атмосфера помеѓу сите граѓани. Димитриев истакна дека фудбалерите и спортските работници покажале правилен пример дека во бранењето на боите на државата не постојат разлики по однос на етничка, верска и било каква друга припадност, и дека таквиот пристап обезбедува позитивни резултати во секоја сфера од значење за граѓаните.

Претседателот на Владата ги информираше присутните дека Владата на денешната седница донесе одлука со која се обезбедуваат и доделуваат награди за играчите и членовите на стручниот штаб на младинската фудбалска репрезентација во износ од 4.200.000 денари, како симболичен чин на благодарност и покажување на поддршка од страна на државата за овој нивен спортски резултат. Тој истакна дека Владата во границите на своите ингеренции и надлежност, останува подготвена за понатамошна поддршка на младинската репрезентација во пресрет на подготовките и настапот на европското првенство за млади во фудбал, истовремено додавајќи дека Владата и понатаму ќе продолжи со инвестиции во спортската инфраструктура и со реализација на мерки за поддршка на спортот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП